Како што објасна Петрески, наградата оди во рацете на Митрополит г. Тимотеј поради неговиот придонес во изминатите три децении, во кои има направено многу дела кои ќе остават траен белег во развојот на црковниот и духовниот живот во Охрид.
– Г. Тимотеј со голем елан и трпеливост и тактичност стана градител на нови цркви , иницијатор и реализатор на многу проекти за реконструкција на постојните цркви и манастири. Има остварено оклу 200 осветувања на цркви и црковни објекти, од кои најголемиот број во Охрид, рече градоначалникот.
Годинава за добивање на највисокото општинско признание до локалната самоуправа пристигнале уште седум пријави. Меѓу нив се наоѓаат имињата на Устијан и Даниела Војневски, писателот Славе Ѓорго Димоски, Ѓорѓи Трпчевски- претседател на Здружението на пензионери во Охрид, резбарот Димче Јанко, Александар Леко Радиќ, д- р Никола Бошале, Драги Поп Стефанија.
Добитници на повелбите Свети Климент годинава се професор Соња Думбалова Делова, д-р Јован Шикоски, универзитетски професор и претседателот на Младинскиот совет Охрид, Димче Каневче.
Како што истакна претседателот на комисијата за доделување награди и признанија, Виолета Мицкоска, за секој од добитниците на повелбите, членовите на комисијата, одлуката ја донеле едногласно.