Српскиот фудбалски репрезентативец Александар Митровиќ, кој го постигна победничкиот гол синоќа во квалификацискиот дуел за СП 2022 против Португалија (2:1), ги сподели своите впечатоци од натпреварот.

Одигравме одличен натпревар и сосема заслужено победивме. Бевме подобри од нашиот ривал во сите аспекти на играта. Дадоа гол по наша грешка, но ние имавме 3-4 шанси за гол, па мислам дека заслуживме победа и билет за Катар, изјави Митровиќ.

Тој победничкиот гол го постигнати во 90. минута, претходно за Србија погоди и Душан Тадиќ (33. минута), додека за домаќинот единственио т гол го постигна Ренато Санчез по само две минути игра.

Португалците по овој пораз го освоија второто место во групата и за пласман на Мундијалот во Катар ќе мора да се изборат преку бараж.

 

OhridNews