Селекцијата на Шкотска после пауза од 24 години ќе игра на европскиот континентален собир на најдобрите фудбалски репрезентации, откако во финалето од баражот после изведувањето на пеналите со 5-4 (1-1) ја совладаа Србија.

Шкотите и во регуларниот дел од мечот беа поблиску до победата. Во 52-та минута Кристи го отвори резултатот и донесе водство за Шкотска. Србија со погодокот на Јовиќ во судиското продолжение обезбедија егал и продолжение. Таму немаше погодоци и се премина на изведување на пеналите. Во пенал серијата шкотите ги реализираа сите пет удари од белата точка, а Србија промаши во петтата кога неуспешен изведувач беше Александар Митровиќ.

Покрај Шкотска пласман на ЕП обезбедија Македонија, Унгарија која славеше против Исланд 2-1 и Словачка која беше подобра од Северна Ирска.

  • Резултати:

Грузија – Македонија 0-1

Унгарија – Исланд 2-1

Северна Ирска – Словачка 1-2

Србија – Шкотска 1-1 (4-5 пенали)

OhridNews