Портпаролот на општинската ВМРО- ДПМНЕ, Никола Митровиќ, на прес- конференција ги потсети граѓаните на, како што рече, најфлагрантните случаи на непотизам и бизнис интереси на кандидатот за градоначалник од Сојузот за иднината и актуелната локална власт во Охрид.

Како што изјави Митровиќ, градоначалникот Александар Петрески, прво го вработи во Општината својот брат Здравко Петрески, кој потоа сакал да го постави и за Претседател на комисијата за јавни набавки, надлежна за спроведување на постапката за улично осветлување во градот Охрид.

– Овој чин остана запаметен по славната изјава на Петрески :Ќе го поставам , брат ми е најдобро ќе ме чува? Што и од што требаше да го чува?  Оваа постапка беше спречена со  иницијатива до Антикорупциската комисија . Друг пример за непотизам преставува и фамилијата Рилковски во која што синот Наум Рилковски е директор на  охридската Гимназија, таткото Никола Рилковски има висока функција во Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ и е поранешен пратеник на СДСМ ,а зетот Боро Шаин е директор на Јавното претпријатие „Билјани извори“. Во кое поглавје  од нивната Зоки Поки програма се опишани овие настани?  Натаму ,членови на семејствата на поранешни и сегашни  високи функционери на СДСМ од Охрид  се вработени во Јавните претпријатија или во општина Охрид.Сопруга на координаторот на советничката група Тунтев, синови и ќерки на советници од мнозинството,синови и ќерки на директори на Јавни претпријатија, рече Митровиќ.

Тој додаде дека најголем дел од тендерите кои одат преку локалната самоуправа  за патнички превоз ги добива компанијата „ПУПЕ“ компани, која што е во сопственост на близок роднина  на Бранко Црвенковски.

– Ова се само дел од примерите кои укажуваат дека во Охрид, покрај сомнителното финансиско работење на општината Охрид,  за што сведочат извештаите на Државниот завод за ревизија се почесто се случува и практикува непотизам во високите структури на СДСМ Охрид во услови кога Јавните претпријатија имаат проблем со својата ликвидност и не можат да исплатат плата на вработените, а општината веќе должи над 30  милиони евра, изјави Митровиќ.

OhridNews