Во првите два месеца од 2018 година владата успеа да ја задолжи Република Македонија за дополнителни 545 милиони евра. Или во просек успеа да го задолжи секое семејство во Република Македонија за дополнителни 1.000 евра, истакна на прес конференција лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Она што повеќе загрижува е фактот дека овие пари со кои што ја задолжи Република Македонија, не се вложени во развојни проекти, како би гарантирале поврат на истото задолжување на среден и на долг рок. – рече Мицкоски.

Тој  го коментираше и растот на БДП, истакнувајќи дека во првите три квартала од 2017-тата година растот на БДП во Република Македонија е на ниво минус 0,4 проценти. 

-Доколку се анализираат макроекономските параметри, во четвртиот квартал од 2017-тата година, тогаш многу лесно можеме да дојдеме до заклучокот дека 2017 –тата година македонската економија ќе има раст на БДП на ниво помеѓу 0 и 0,2 проценти на годишно ниво. Доколку се анализира расот на БДП на светската економија тогаш можеме да дојдеме до следниот заклучок,. додека светската економија бележи рекордни резултати и раст, ние мора да се задоволуваме со под просечни резултати. – додаде Мицкоски.

OhridNews