Периодов се соочивме со низа предизвици меѓу кои недостаток на електронските компоненти кои се произведени во Азија, нешто што започна пред повеќе од десет месеци, дополнително ковид кризата и на кој начин тоа ги афектира нашите добавувачи кои се лоцирани пред и се во источна Азија, но и како овој нов четврти бран ќе го афектира европскиот пазар. Предизвик плус е на кој начин ќе се задржат вработените кои сме ги обучиле, бидејќи кадарот е најважното нешто што го имаме тука и на кој начин ќе се креираат дополнителни процеси на обука на нивно доусовршување за да се преброди овој момент, додека полека но сигурно се надеваме дека ќе имаме враќање во некоја нормала. Има некои предзнаци дека некаде втора половина на септември и во октомври ќе има подобрување вели директорот на „Костал Македонија“ Виктор Мизо.











