МЈП Проаква Струга Р.Е. Водовод Охрид донесе одлука за укинување на опцијата за плаќање “САМ ПЛАЌА” која во минатото се практикуваше во наплатните центри, во банките и сл, информираат од претпријатието.


Почнувајќи од 01.02.2018 год корисниците на услуги на МЈП Проаква кои што сакаат да платат односно пријават состојба за изготвување на сметка ќе треба да се јават на тел. број 046 230 020 од 20-ти до 25-ти во месецот, да побара инкасатор или контролор да ја прочита состојбата на броилото или лично да дојдат во Одделението за автоматска обработка на податоците во Дирекција – Билјанини извори.

– Оваа одлука е донесена со цел да се обезбедат точни податоци и поголема контрола заради заштита на потрошувачите. Во спротивно ќе бидеме приморани уплатата на непрочитана состојба да Ви ја вратиме, велат од МЈП Проаква.

Со новата тарифа, по одлуката од Регулаторната комисија за енергетија на Р.Македонија, нема веќе пресметување на вода над лимит по дупла цена.

OhridNews