По повод Светскиот ден на водата 22- ри март, МЈП Проаква РЕ Водовод Охрид , организира наградна игра. 

Право на учество имаат сите корисници кои ги подмириле сметките за вода заклучно месец  декември 2010година, а кои во дирекцијата на Водовод Охрид – Билјанини извори , ќе донесат една сметка за потрошена вода , од која ќе се констатира дека се редовни плаќачи и ќе добијат соодветен сериски број со кој ќе учествуваат во извлекувањето на наградите. Пријавувањето за наградната игра ќе започне од 1-ви Март и ќе трае до 31-ви Март.

Предвидените награди се  : телевизори, фрижидери, велосипеди, мини шпорети, правосмукалки, фотоапарати.

OhridNews