МЈП-Проаква Р.Е.Водовод – Охрид ги известува сите правни и физички лица корисници на водоснабдителниот систем дека согласно Законските одредби, мобилните екипи на претпријатието вршат исклучување од системот за водоснабдување на оние корисници кои имаат извршено приклучување на водоводната и канализационата мрежа без одобрение за приклучок и вршат бесправно користење на вода, таканаречени диви приклучоци.

Ќе се исклучуваат и станбени објекти кои бесправно користат вода од хидрантите за наводнување на паркови и зеленила , како и сите оние таканаречени диви приклучоци кои еднаш веќе биле исклучени од системот за водоснабдување ,а повторно бесправно се вклучиле. Тие ќе бидат исклучени дирекно од главната линија со специјална механизација, потенцираат од МЈП Проаква .

Додаваат дека трошоците за исклучување и повторно приклучување ќе бидат на товар на потрошувачите.

За сторителите на вакво дело покрај исклучувањето, следат соодветни казнени мерки, а против одредени сторители веќе се поднесени соодветни пријави и истите се казнети. Исто така се врши исклучување на сите корисници кои не го почитуваат склучениот договор за исплата на долгот на рати за кое непочитување се претходно опоменати.

Мобилните екипи ќе вршат исклучување од системот на водоснабдување и на сите корисници кои ненавремено ги плаќаат сметките за потрошена вода .

OhridNews