Вечерва со почеток во 21 часот и 30 минути, во Центарот за култура “Браќа Миладиновци” во Струга ќе се изведе мјузиклот “Коштана”, проект на Силвија и Влатко Плевнеш.


Станува збор за музика од претставата „Коштана“, во која Силви го портретира главниот лик за кој и беше прогласена за најдобра Коштана на Балканот.

Публиката во Струга, ќе може да ужива во богатиот фолклор, народни носии и музика, во изведба на четириесетина учесници во мјузиклот.

OhridNews