Македонската кошаркарска федерација (МКФ) во името на Марјан Србиноски експресно го пронајде заменикот на Александар Џикиќ кој доби отказ од селекторската позиција.


Во објаснувањето за отказот на српскиот кошаркарски стручњак стои дека е отпуштен поради недоверба во органите на федерацијата и нарушената соработка со раководните луѓе.
Првиот асистент на селекторот на двете последни учества на Македонија на Евробаскетот на селекторското место ќе соработува со Заре Маркоски кој е спортски директор во МКФ.

Србиноски веднаш треба да се фати за работи бидејќи до почетокот на ЕП преостануваат два нецели месеци.

Македонската репрезентација на Евробаскетот во групата се наоѓа со домаќинот Хрватска, Словенија, Грција, Холандија и Грузија.

МКФ го отпушти селекторот Александар Џикиќ.

Ohridnews