Завршниот турнир во Купот на Македонија ќе се одигра од 12 до 14 април во Гевгелија, вака одлучи Македонската кошаркарска федерација (МКФ).

МКФ по барање на Кошаркарскиот клуб Гостивар и после прогласувањето на дводневна жалост поради трагичната автобуска несреќа во која животот го загубија 14 лица од Гостивар и околината ја одложи завршницата која требаше да се одигра викендов кој доаѓа.

Двојките и редоследот на натпреварите остануваат исти само се менува датата. МКФ уште еднаш упати сочуство од семејствата и поддршка за настраданите во сообраќајната несреќа.

Кошаркарскиот клуб АВ Охрид во 1/4 финалет ќе се сретне со Блокотехна. Во другите четвртфинални мечеви ќе се сретнат Работнички – Куманово, МЗТ Скопје – Кожув односно Гостивар – Фени Индустри.

OhridNews