Струмица досега беше домаќин на два вакви шампионати (ЕП до 16 години мажи 2011, ЕП до 18 години жени 2012) на кои учествуваа вкупно 40 репрезентации.
Охрид и спортската сала “Билјанини Извори“ лани во последен момент и излегоа на МКФ во пресрет при организацијата на шампионатот за мали земји кој првично требаше да се игра во Струга. Иако сите мечеви се играа во Охрид на официјалнот лого и на сите извештаи стоеше името на градот Струга.
Во ланското финале во инфаркт натпревар Македонија беше поразена од Австрија .
Официјалната потврда за организацијата се очекува на крајот на оваа календарска година, кога ќе бидат познати организаторите на сите младински Европски првенства.