Нашата најдобра кошаркарска репрезентација доби огромен мотив од Управниод одбор во Македонската кошаркарска федерација (МКФ), кој одлучи премија од милион денари ако репрезентативците претквалификациите ги завршат со максимален учинок.

„Црвено жолтите“ се на добар пат да ја обезбедат премијата и инаксираат финансии ветени од куќата на кошарката. Во случај да не успеат и да претрпат пораз, МКФ ќе им додели премија од 750 000 денари. Македонската селекција во претквалфикациите во групата се наоѓа со Романија и Косово, а ги очекува меч со Романија во гости и против Косово на домашен терен.

УО во МКФ одлучи оваа и следната Првата лига да брои 12 екипи, а намалување на лигата од 12 на 10 екипи да има од 2020/2021 сезоната. Сезонава нема да има директно отпаѓање од Првата лига поради фактот дека брои 11 екипи. Последнопласираниот тим во плејаутот ќе игра бараж меч со второпласираниот од Втората лига, без право на интернационалци во составот.

OhridNews