Младиот навивач на Манчестер Јунајтед Дарах Карли испрати писмо директно до германскиот стручњак Јирген Клоп со молба Ливерпул да не победува во следните натпревари од Премиер лигата. „Црвените“ од Енфилд се наоѓаат на вистинскиот пат да ја прекинат серијата без титула во Премиер лигата, нешто што не му одговара на големиот ривал Манчестер Јунајтед.

Ливерпул бележи премногу победи. Доколку победите на уште девет натпревари, ќе ја имате најдолгата серија во англискиот фудбал. Бидејќи сум навивач на Јунајтед, тоа ме прави тажен. Во молам, загубете го наредниот меч. Само ќе треба на вашиот противник да му дозволите да постигне гол. Се надевам дека ве убедив да не ја освоите Лигата или барем да не победувате повеќе. – стои во писмото од Карли.

Да биде приказната уште поинтересна и да добие на публицитет се погрижи Клоп, кој му одговори на 10-годишниот Карли.

За жал, не можам да ја исполнам твојата желба. Колку и да сакаш Ливерпул да загуби, мојата работа е да направам сe што можам тимот да победи бидејќи постојат милиони луѓе во целиот свет што го посакуваат тоа. Не сакам да ги изневерам. За твоја среќа, губевме натпревари во минатото и сигурен сум дека такви работи ќе се случуваат и во иднина. Проблемот кога имаш 10 години е што мислиш дека работите секогаш ќе бидат исти како што се сега. Јас со моите 52 години можам да ти кажам дека тоа не е така. Кога го прочитав писмото што ми го испративте, со сигурност можам да ви кажам дека една работа нема да се смени – вашата страст кон фудбалот ќе остане. Јунајтед е среќен што ве има. Се надевам дека ќе забележиме уште победи и дека ќе освоиме некој трофеј и дека тоа тебе нема да те разочара. Иако нашите клубови се ривали, тие се почитуваат. Тоа е она што е најважно во фудбалот. – напишал Клоп.

OhridNews