Младата француска сурферка Поети Норак почина во Австралија на 24-годишна возраст. Трагичната информација ја потврди француската сурферска федерација.

Федерацијата изгуби еден член од семејството, убава личност со блескава насмевка, уметник на даската за сурфање чиј ентузијазам зрачеше во Франција и каде да се појавеше на друго место. – стои во краткото соопштение.

Од федерацијата не ја наведоа причината за смрта на Норак.

Младата сурферка четири пати учествувала во финалните натпревари од францускиот шампионат. Во 2018 година стигнала до најголемиот успех завршувајќи на втората позиција, а во 2016 се закитила со бронзен медал. Во францускиот Куп освоила вкупно 10 титули.

OhridNews