Млада жена на 25 годишна возраст е повредена во сообраќајна несреќа што вечерва околу 22 часот се случи на булеварот „Туристичка“ во близина на х. „Дончо“. Според првичните неофицијални информации, во жената удрило пикап возило марка „Фијат“ со битолски регистарски таблички во момент кога таа го преминувала булеварот на необележано место.
Веднаш по несреќата повредената жена била пренесена во специјалната болница „Св. Еразмо“ каде и била пружена лекарска помош. Жената се здобила со лесни телесни повреди но превентивно била задржана во болница за да и бидат направени неопходните прегледи.
На местото на несреќата увид изврши сообраќајната полиција, а извесен период сообраќајот на булеварот „Туристичка“ се одвиваше забавено со пренасочување на возилата.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com