Младата активистка Тунберг избрана за личност на годината - OhridNews

Младата активистка Тунберг избрана за личност на годината

16-годишната активистка Грета Тунберг, според Time Magazine, е избрана за личност на годината. Во светската јавност Тунберг стана позната по жестоката борба против климатските промени, а нејзиниот говор во ООН го обиколи светот.

Тунберг ги осуди светските лидери со критики дека не успеале да преземат ефикасни мерки за борба против климатските промени.

Светските лидери како Барак Обама и Папата разговараат со неа, многумина ја фалат и ја поддржуваат, а таа неодамна ја доби наградата „Алтернативен Нобел за правилно живеење“ за нејзините напори.

Тунберг беше наградена за „инспиративно и зајакнување на политичките барања за итна акција за климатските промени, засновано на научни факти“.

© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by  Ohridnews.com