Седмооделенката Наталија Стрезовска од ОУ „Св. Климент Охридски“ се закити со трета награда за литературна творба, од вкупно 92 творби од цела Македонија, на конкурсот кој е дел од проектот „ Холокаустот низ призмата на детските очи“. Таа преку својата творба „Песна за холокаустот“ го искажа своето видување за страотните случувања на Еврите за време на Втората светска војна, со јасна порака: НИКОГАШ ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ!
Изборот беше во организација на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија со поддршка од Министерството за образование и наука на Република Македонија, ЗФД Форум и Град Скопје.
Инаку, Наталија Стрезовска, под менторство на наставничката Никица Мишева, неодамна освои трета награда на конкурсот за најдобра песна по повод 24-ти Мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, распишан од ОУ„Братство Единство“ од Охрид, а добитничка е и на неколку награди на училишно и општинско ниво.
OhridNews