На 49 Регионален натпревар по народна техника од областа на применета физика, што вчера се одржа во Битола,
Основното училиште “Христо Узунов” – Охрид го освои највисокото признание.

Имено учениците Марија Танеска(VIII одд-презентер и водич), Христијан Зафировски (VIII одд-) Ѓоко Маркоски (VII одд) и Михајло Најдески (VII одд) кои беа помошници со својот ментор Вера Зороска, со презентацијата на проектот “Интерактивна бела табла” ја импресионираа жири комисијата која ги награди со максимален број поени и прво место на натпреварот.

OhridNews