Во Основното музичко училиште „Методи Патче“, на 1 јуни ќе започнат уписите за новата учебна година 2020/21 за ученици во прво и четврто одделение.

Во прво одделение ќе можат да се запишат ученици кои кои ќе учат пиано и виолина, додека во четврто одделение ќе се учи: флејта, гитара, кларинет и хармоника, информира ОМУ „Методи Патче“.

 

На 1 јуни почнуваат уписите во ОМУ „Методи Патче“

Во рамки на уписот ќе се одржи аудиција, за која кандидатите дополнително ќе бидат информирани.

Уписите ќе се одвиваат од 1 до 10 јуни.

OhridNews