Македонската женска кошаркарска репрезентација под 20 години во Охрид се подготвуваше за престојното Европско првенство Б дивизија. Втора година по ред Македонија е домаќин на ова натпреварување, лани собирот се одржа во Охрид, додека годинава ќе се игра во Кавадарци.


На минатогодишното првенствона кое победи Холандија, Македонија претпре пораз во сите натпревари и како последнопласирана 11 – та ги заврши натпреварите. Селекторот Каровски очекува годинава да го поправиме овај негативен баланс.

Квалитетот на македонската женска кошарка ни е познат на сите. Ќе се подготвиме што е можно подобро и да се обидеме да победиме некој натпревар. Оваа година девојките се поискусни , од ланскиот состав имаме шест кошаркарки кои треба да го понесат товарот – вели селекторот Митко Каровски.


Европското првенство “Б” дизвија за кошаркарки под “20” години на кое домаќин е Кавадарци ќе се игра од 16-25 јули.

М.П.