Ракометот е заштитен знак за Струга, затоа нивната младинска ракометна школа функционира беспрекорно. Таа е во склоп од екипата на Струга која се натпреварува во Првата машка ракометна лига.


– Во ракометната школа имаме повеќе од 70 дечиња кои се поделени во три различни категории. Тренираме два пати неделно и е сосема доволно за дечињата кои треба да имаат време и за училишните обврски – рече тренерот Жарко Ферукоски.


Од овие дечиња во иднина треба да ги заменат струшките ракометарите во селекцијата на Македонија кои ги има во голем број. Во составот се Ацо Јоноски, Наумче и Златко Мојсоски, Никола и Велко Маркоски и Гоце Ојлевски.



– Се надеваме дека некои од овие дечиња ќе ја продолжат струшката доминација во македонскиот ракомет. Не има доста што е за пофалба, но да биде сликата комплетна ќе треба и првата екипа да се пласира во елитното друштво –
истакна Наумче Угреновиќ, претседател на ракометниот клуб Струга.

Сезонава младинската екипа на Струга се натпреваруваше во пионерската лига и го освои солидното трето место.
 

Мх.П.