Младински Центар Охрид со акција по повод Светскиот ден без автомобили
15.09.25 12:31
По повод 22-ри септември – Светскиот ден без автомобили, Младински Центар Охрид ја упатува пораката до охридската јавност да се приклучи на глобалната иницијатива и барем еден ден да се обидеме да живееме без автомобил.
Центарот ги повикува сите млади и граѓани да избегнат користење автомобил на 22-ри септември (доколку се во можност), до училиштата, факултетите или работните места да стигнат пеш, со велосипед, со јавен превоз и слично, да направат фотографија од своето алтернативно патување и да ја споделат на социјалните мрежи со хаштаг #ОхридБезАвтомобили, како и да го тагираат Инстаграм профилот на Центарот @mladinskicentar_opstinaohrid.
Со оваа акција сакаме да потсетиме дека малите промени во секојдневието придонесуваат кон поздрави навики, почист воздух и поодржлива иднина за градот, посочуваат од Младински Центар Охрид.
Општинските средни училишта во Охрид денеска ги објавија првичните резултати од првиот уписен рок за учебната 2026/2027 година Најголем е интересот за стручните средни училишта, додека нешто помал ...
Со признанието „Ученик на генерација“ годинава е одликуван Марио Велкоски, ученик од класот IV-5 во здравствената струка, како потврда за неговите извонредни резултати, посветеност и континуирана ж...
По осми пат, во сабота, ќе се одржи Меѓународниот хорски фестивал „Гласот на Охрид“, организиран од охридскиот градски хор „Вокс Лихнидос“ Фестивалот ќе собере различни хорови, а публиката ќе може ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.