Голема реализација на мерката за исплата на младински додадок од Оперативниот план за 2021 година. Со оваа мерка се исплаќа младинскиот додаток во висина од 3.000 денари месечно на млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образовани вработени во дејностите на производство и земјоделство.

Младински додаток им е исплатен на 133 млади лица од Охрид. На овој начин истовремено се придонесува за подобрување на нивниот животен стандард и се задоволуваат потребите на работодавачите со соодветно квалификувана работна сила, вели Бојана Стевческа, виш соработник за односи со јавност, комуникација и меѓународна соработка при АВРМ.

Младите се нашата иднина и секој поттик и вложување во нив е влог во нашата иднина, во иднината на нашата држава. Затоа, продолжи користењето на младински додаток за лица до 23 години и во текот на 2021 година, со цел да се мотивираат младите да се вклучат во производствените дејности и земјоделството, истакна министерката за труд и социјална политика Јована  Тренчевска.

Со оваа мерка на ниво на држава се опфатија 3787 млади лица, што значеше надминување на очекуваните резултати и се постигна реализација од 151,5 %. Ова не охрабрува и понатаму да издвојуваме средства и да подготвуваме програми кои ќе ги мотивираат младите да се вработуваат, рече Тренчевска.

Н.С.Ј.