Во рамките на Проектот „Младите преку спортот и Екологија до меѓуетничко разбирање и одржлив развој во Македонија“ од 09 до 16 август 2013 година во Хотел Далјан-Охрид, по трет пат  ке се одржи Летен младински спортски камп.

Проектот започна 2011 со најразновидни активности во текот на годината а секоја година се одржува 7-дневен Летен камп.

Носител на Проектот е Шпортна Унија на Словенија/ШУС/ а ГАРД-Граѓанска асоцијација за рекреативно движење како ппартнер е  Координатор и операционализатор за Македонија. Во проектот активно е вклучена Амбасадата на Словенија во Македонија.

Планирано е на кампот да учествуваат 120 лица од повеке места, училишта, општини/Старо Нагоричане,Куманово, Сарај, Липково, Шуто Оризари,Берово, Чешиново-Облешево, Кочани, Велес, Крушево, Ресен, Охрид/ . Составот е хетероген има деца од основни и средни училишта, а водачите на групите се оспособени лидери во рамките на Проектот, но и наставници од повеке области. Учесниците се од повеке националности/македонска,албанска,ромска, турска, српска, влашка.

Секој ден започнува со утринска гимнастика, потоа работилници за проектот, прирачникот, пригодно за видовите на спортување, екологија, како да се надминат стресните состојби од било кој вид, превентивни медицински насоки, спортување со игри на плажа, песок, трева, игри на вода,учење на традиционални игри од разните краеви на Македонија, секоја вечер групите се претставуваат со специфичностите од кај доаѓаат.

Во рамките на Проектот на 09 до 11.август, ќе се одржи и Тркалезна маса-Регионална средба:Екологија, спорт и мултиетничност, на која учество ќе земат млади од Словенија, Хрватска, Србија, Бугарија, Албанија и Македонија.

OhridNews