Младински совет Охрид доби признание за мониторингот на локалните избори
26.06.09 12:54
Граѓанската Асоцијација МОСТ, на конференцијата за улогата на домашните набљудувачи и стандардите за набљудување на изборите му оддаде признание на Младински Совет Охрид кој работи како регионалната канцеларија на оваа асоцијација, за спроведувањето на кампањата за набљудување на локалните и претседателските избори 2009. За својот ангажман и спроведување на сите предвидени активности, Младински Совет Охрид, ги доби сите пофалби од менаџментот на Г.А. МОСТ, кој ја награди својата регионална канцеларија во Охрид со персонален компјутер, донација од мисијата на ОБСЕ-ОДИХР во РМ.
Конференцијата се оддржа во хотел Сириус во Струмица, а на истата присуствуваа претставници на Британската Амбасада, Европската Комисија, мисијата на ОБСЕ-ОДИХР во Република Македонија, Државната Изборна Комисија, Министерството за правда на РМ, како и претставници политичките партии, медиумите и здруженија на граѓани.
Координатор на кампањата за спроведување на Локалните и Претседателските избори 2009 година беше Димче Каневче, а асистенти Маја Чубриќ и Соња Наумовска Фузевска.
Утрово во 05:50 часот во СВР Охрид било пријавено дека, на улицата „Партизанска“ во Охрид е пронајдено машко лице со повреда од остар предмет Лицето е пренесено во Медицински центар Охрид за укажув...
Сите сме се во едно: жртва, обвинител, виновен, судија, сведок Стално е друг крив Сите сме експерти за се Слабоста наша е покажување ранливност, искреност и гледање во огледало Или уште поедноставн...
На полноќ истеше рокот за поднесување кандидатури за градоначалници и листи на советници за претстојните Локални избори што ќе се одржат на 19 октомври Како што информира Општинската изборна комиси...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.