Граѓанската Асоцијација МОСТ, на конференцијата за улогата на домашните набљудувачи и стандардите за набљудување на изборите му оддаде признание на Младински Совет Охрид кој работи како регионалната канцеларија на оваа асоцијација, за спроведувањето на кампањата за набљудување на локалните и претседателските избори 2009. За својот ангажман и спроведување на сите предвидени активности, Младински Совет Охрид, ги доби сите пофалби од менаџментот на Г.А. МОСТ, кој ја награди својата регионална канцеларија во Охрид со персонален компјутер, донација од мисијата на ОБСЕ-ОДИХР во РМ.

Конференцијата се оддржа во хотел Сириус во Струмица, а на истата присуствуваа претставници на Британската Амбасада, Европската Комисија, мисијата на ОБСЕ-ОДИХР во Република Македонија, Државната Изборна Комисија, Министерството за правда на РМ, како и претставници политичките партии, медиумите и здруженија на граѓани.

Координатор на кампањата за спроведување на Локалните и Претседателските избори 2009 година беше Димче Каневче, а асистенти Маја Чубриќ и Соња Наумовска Фузевска.

Ohridnews