
За таа цел планирано е создавање мрежа од 10 граѓански организации кои ќе се занимаваат со заштита на правата на децата на интернет и обука на членовите на граѓанските организации и претставниците од училиштата каде ќе се спроведуваат предавањата (едукациите) за заштита и безбедност на децата на интернет. Паралелно со тоа ќе бидат подготвени летоци, брошур и водич за заштита на правата на децата на интернет, веб-сајт и постер со Повелбата за правата на децата на интернет). Се планира одржување едукативни презентации за децата, нивните родители и наставниците во основните и средните училишта низ Македонија за кои ќе бидат задолжени граѓанските, како и прзентации за медиумите со цел нивно запознавање со оваа проблематика.
Методите за заштита на детските права на интернет беа презентирани на тренинг семинар во Охрид на кој учествувуваа претставници на Младинскиот Совет и ОУ „Братство и Единство“.











