Проектот за превенција од психоактивни супстанци тутун, алкохол и дрога, што го спроведува Младинскиот центар од Охрид, навлегува во втората фаза од реализацијата. Во оваа фаза ќе бидат реализирани 15 средби со родителите на децата кои беа вклучени во едукативните работилници кои се реализираа во периодот март-мај годинава.


 
Средбите со родителите се реализираат во хотел Дончо, каде во релаксирана атмосвера, тимот на Младински Совет Охрид пред родителите ги изнесува информациите, сознанијата и забелешките кои се воочени во текот на реализацијата на едукативните училишта во основните училишта во кои се реализира програмата.


 
На досегашните две реализирани средби со родители од основните училишта Св. Климент Охридски и Братство Единство, програмата за превенција ја доби поддршката и довербата, но и препораки и забелешки, што претставува дополнителен мотив за поинтензивно водење на кампањата за превенција на младите од пороците со кои секојдневно се среќават, велат од Младинскиот совет.


 
Во првата фаза од реализацијата на програмата, реализирани се 32 работилници во основните училишта Св. Климент Охридски, Братство Единство Лескајца и Крст Џамија, Христо Узунов  во Охрид и Св. Наум Охридски во Пештани, Живко Чинго во Велгошти и Ванчо Николески во Лескоец. Вкупно  390 ученици  и 35 наставници беа вклучени во трите циклуси од реализацијата на програмата. Првата фаза од програмата за превенција од психоактивни супстанци се заокружи со организирање на специјален промотивен настан на градскиот плоштад на 31 мај со што и симболично се одбележа светскиот ден против пушењето.