Младинските категории на ГФК Охрид Лихнидос и наредната сезона ќе настапуваат во првата Супер лига. Охридските фудбалери на генералната табела завршија на 9-то место со освоени 93 бода пред младинските категории на Брегалница (88 бода), Победа (51 бод) и Беласица (37 бода).
Во поединечна конкуренција:
- Младинци (генерација 2006) на 8-мо место со освоени 28 бода предводени од Драган Бочески.
- Кадети (генерација 2007) на 11-то место со освоени 8 бодови предводени од Ѓоко Чадоски.
- Пионери (генерација 2008) на 5-то место со освоени 37 бода предводени од Ацо Велјаноски.
- Помлади пионери (генерација 2009) на 9-то место со освоени 20 бода предводени од Александар Бакулески.
Спортскиот директор на младински категории на ГФК Охрид Лихнидос, Коста Трифуноски упати благодарност до фудбалерите од сите генерации за одличната сезона што измина потенцирајќи ја притоа и целта за следната.
Како што изјавивме пред почетокот на сезоната, така и сега кога заврши првенството, наш приоритет беше како дебитанти во Супер лигата да обезбедиме опстанок, односно обезбедување на потребните 80 бода како повторно би биле дел од најквалитетното фудбалски натпреварување во Македонија. Наша цел за наредната 2025/26 сезона како младински категории на ГФК Охрид Лихнидос е да бидеме поконкуретни во сите генерации и да имаме што поквалитетни фудбалери кои ќе нѐ одведат до повисок пласман на поединечните табели, но и можност за нив да напредуваат во фудбалската игра и да продолжат во сениорскиот клуб на ГФК Охрид Лихнидос, вели Трифуноски.
Најави дека наскоро ќе следуваат летните припреми за наредната сезона.
OhridNews