Можност да членуваат имаат сите млади луѓе до 18 години кои имаат талент за актерство. Од пријавените кандидати потоа ќе се врши селекција по што се очекува да бидат формирани две групи со кои ќе раководат актерите од Народниот тетатар- Охрид.
– Ова претставува можност за младите луѓе кои го сакаат актерството да ги направат своите почетоци и се надеваме дека меѓу нив ќе се најдат идни големи таленти кои еден ден ќе станат и врвни актери, велат од Народниот театар- Охрид.
Уписите ќе започнат во 12 часот во Центарот за култура “Григор Прличев”.