Машката младинска репрезентација на Македонија ќе разигрува за пласман од 5 до 8 место на Светското првенство што се игра во Алжир, откако вечерва во четвртфиналето доживеа пораз од Франција со 33-17, полувреме 14-9. 

Натпреварот беше рамноправен до 20-та минута, кога при водство на Франција од 7-6 уследија серија грешки на нашите надежи, кои триколорите преку контра напади ги претворија во лесни голови и стигнаа до осетна предност на полувремето од 14:9.

Во вториот дел повторно само во почетните минути Македонија и парираше на Франција, но следеше голем пад во играта што резултираше со убедлив пораз од 33:17.

Најефикасен поединец во редовите на Македонија беше Талески со 4 гола.

Натпреварот од разигрувањето за пласман од 5 – 8 место Македонија го игра во сабота против поразениот од дуелот Данска – Русија.

OhridNews
Фото: РФМ