На XVI натпревар “Мали Пијанисти” кој викендов се оддржа во Врање- Србија ,  во конкуренција од 19 кандидати, охриѓанецот Дамјан Милески ја освои втората награда.


На натпреварот учествуваа кандидати од повеќе градови од Македонија, Србија и Бугарија, а Дамјан беше единствениот претставник од Охрид.

Дамјан Милески е ученик во четврта година во ОМУ “Методи Патче”  во класата  на проф. Ана Булоска Рилкоска. Неодамна  го освои  првото место на Државниот натпревар по пијано во Скопје.

Натпреварот „Мали пијанисти“ кој се одржува по 16-ти пат, од минатата година има интернационален карактер.

OhridNews