Младите актери од охридската гимназија на Меѓународна театарска работилница во Берлин
03.10.12 07:00
Група од 11 ученици од проектната активност – драма при охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ на 5-ти октомври ќе отпатуваа за Германија, каде до 14 октомври ќе учествуваат на Меѓународната театарска работилница „Der Anfgang vom ende“ што се одржува во организација на Форумот Wansee, во главниот град Берлин.
Учениците од Охрид заедно со нивните врсници на возраст од 16 до 20 години од Германија и од „Ухуру“ театарската група од полскиот град Грифино ќе имаат можност да ги презентираат своите вештини од актерството, танцот, уметничкото ораторство… Предвидено е во рамки на проектот младите актери од трите држави да следат интензивна настава поделена во три тематски целини, за потоа во мешани групи да осмислат свои уметнички перформанси што јавно ќе ги презентираат на завршувањето на курсот.
Покрај работните активности што ќе се одвиваат под менторство на познати професори, професионални актери и уметници од Германија, младите од трите земји ќе имаат и несекојдневна можност меѓусебно да се запознаат, да научат нешто повеќе за нивните врсници од другите земји, да разменат искуства, да учат и соработуваат меѓусебно и во групи, сето тоа преку дружење и забава.
Престојот во Германија предвидува и организирани екскурзии за запознавање на учениците со културно-историските знаменитости на Берлин.
Проектот се реализира со поддршка на Владата на Сојузна Република Германија, а активноста ја поддржа и охридската локална самоуправа целосно покривајќи ги трошоците за патувањето.
Во просториите на ХЕС „Црн Дрим“ во Струга беше одржана работилница организирана од Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ во Скопје, Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија – ИЗИ...
Согласно Календарот за 2026 год за подигнување отпад од пластика и хартија од кантите за селекција, ЈП „Охридски Kомуналец” ги потсетува своите корисници на услуги од улиците „Железничка”, „Прилепс...
По повод јубилејот, 80 години од своето основање, Здружението на новинарите на Македонија, ЗНМ, ги додели годишните новинарски награди, одбележувајќи осум децении континуирана и посветена работа во...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.