
Учениците од Охрид заедно со нивните врсници на возраст од 16 до 20 години од Германија и од „Ухуру“ театарската група од полскиот град Грифино ќе имаат можност да ги презентираат своите вештини од актерството, танцот, уметничкото ораторство…
Престојот во Германија предвидува и организирани екскурзии за запознавање на учениците со културно-историските знаменитости на Берлин.
Проектот се реализира со поддршка на Владата на Сојузна Република Германија, а активноста ја поддржа и охридската локална самоуправа.












