Во организација на локалната самоуправа , утре, со почеток во 10 часот во општинската зграда ќе се одржи втората работилница од проектот „ Младите како носители на културата, традицијата и знаењето во Општина Охрид “.
Креативниот начин на подготовка на традиционална храна и осврт кон добриот естетски изглед ќе биде тема на втората работилница за која се пријавени голем број учесници.
Во рамки на првата работилница што се одржа пред една седмица присутните имаа можност да дознаат повеќе за изработката на накит од филигран и бисер.
Проектот е финансиран и поддржан од Министерството за култура на Македонија.
OhridNews