Младите македонски едриличари до 14 години стекнаа драгоцено искуство на Светското првенство во едрење во класата Оптимист кое се одржа во Порторож, Словенија и собра над 280 млади натпреварувачи од 64 држави.

Пласман на македонските натпреварувачи:
- Берак Шашко – 260. место
- Мила Булатовиќ – 262. место
- Стефан Бараковски – 270. место
- Лина Пашоска – 274. место


Задоволни сме од дисциплината и посветеноста на нашите млади едриличари. Настапот во Порторож е чекор напред кон поголеми резултати и одржување континуитет на учествата на значајни меѓународни натправари. Продолжуваме со работа и инвестиции во младите категории, велат од Едриличарската федерација на Македонија.
Учество на вакви натпреварувања, додаваат, претставува вложување во иднината на македонското едрење, а поддршката од институциите и јавноста е клучна за понатамошен развој на овој спорт.
OhridNews











