Талентираните ученици од охридското основно училиште „ Методи Патче“ освоија пет први награди на вториот Интернационален натпревар „ Охрид те сакам“ кој викендов се одржа во Охрид.
Во дисциплината пијано наградата отиде во рацете на Џеврие Туле и Михаил Ѓеорѓијоски од класата на проф. Даниел Чуркоски и ученикот Бојан Секулоски од класата на проф. Емилија Маринова. Во дисциплината гудачи прво место освоија Марија Џуклеска и Даниел Мојсоски од класата на проф. Елица Џуклеска.
На натпреварот учествуваа над 100 млади талентирани музичари од Хрватска, Србија и Македонија.
OhridNews