На вториот Државен натпревар на млади музички таленти што се одржа на 15 и 16 април во Скопје, кларинетистите Теодор Љушкоски, Ангел Дулевски и Христијан Јованоски, сите во класата на проф. Трајче Темјаноски, освоија први награди.

Првонаградени беа и младита флејтистки Христина Љушкоска и Анастасија Кипаризоска од класата на проф. Оливера Петкоска, додека Ангела Маџар, ученик во класата на проф. Невена Танеска, исто така на флејта, ја освои втората награда.


Во истиот период на Меѓународниот натпревар и фестивал на класична гитара што се одржа во Лесковац, Србија учениците по гитара во класата на проф. Александар Крстаноски се вратија со вредни признанија. Дејан Милески и   Марко Лазороски освоија две втори и едно трето место.

„Во Србија класична гитара се изучува шест години. Учениците започнуваат да го изучуваат овој инструмент од седум годишна возраст, за разлика од кај нас каде што тоа се четири односно пет години по нова програма. Конкуренцијата на натпреварот беше голема (Марко и Дејан  се натпреваруваа со конкуренти од Србија,Словенија,Хрватска, Македонија со ученици од шеста година.) Во соло категорија иако на различна возраст, Марко (трета год)  освои трето, а Дејан (четврта год) второ место, а во изведба на камерна музика младите охридски музичари освоија второ место. Учениците беа многу концентрирани и ги отсвирија одбраните дела на високо ниво, кои не беа ни малку лесни“
– вели професорот Крстаноски.


Марко и Дејан  пред две недели ја освоија втората награда  на Државниот натпревар по камерна музика одржан во Скопје.

OhridNews