Најголем дел од младите не би прифатиле да работат без договор за вработување, а повеќето знаат дека за да се вработат мора да потпишат договор и да бидат пријавени, ова се резултатите од анкетата спроведена од страна на Министерството за труд и социјана политика и Министерството за образование и наука.

Според Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, целта на проектот е да се врши едукација на младите и нивно запознавање со основните права од работен однос.
„Младите можат да ја препознаат сивата економија. Резултатите од оваа анкета токму тоа и го покажуваат. Тие не би работеле на црно, бидејќи според нив тоа е несигурна работа и не е во согласност со Законот. Нашата цел е постигната и затоа оваа Влада ќе продолжи во насока на препознавање на сите облици на сивата економија.“ – истакна Ристовски.
За да се намали процентот на непријавени работници, од почетокот на годинава се спроведени 6975 инспекциски надзори во делот на работните односи.
Инаку, проектот„Одбиј работа на црно“ започнаа со имплементација од страна на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука, Агенцијата за вработување и Националната федерација на агенциите за привремени вработувања.
OhridNews












