Унијата на млади сили на општинската ВМРО- ДПМНЕ, денес, на градскиот плоштад, преку слики ги потсети граѓаните, како што беше истакнато од страна на УМС,  на мрачната и криминална приватизација која во времето на Бранко Црвенкоски се спровела во Република Македонија.

–    Зад нас  се спомениците од времето на Бранко Црвенковски кое како наследство и товар ни ги остави на сите нас. Тоа се затворените фабрики. Има 600 големи фабрики и фирми кои ставија клуч на вратата. Тоа објекти кои своевремено преставуваа гиганти со нивното работење.Братство,Отекс, Езерка се дел од фирмите кои згаснаа на криминален начин во нашиот град, и десетици и десетици фабрики кои останаа затворени низ сите градови на државата, а тие објекти сведочат за времето во кое владееше Бранко Црвенковски.Сите овие фабрики се приватизираа по иста шема- законите беа одлично покритие за она што нивните министри и директори го превземаа во претпријатијата со кој управуваа, беше истакнато од страна на УМС на ВМРО- ДПМНЕ.

OhridNews