Викендов во хотел Дрим во Струга се одржува втората фаза од проектот , Contact for the common future, чија цел е охрабрување и вработување на младите преку споделување на искуства и организиран настап за користење на можностите што ги дава преку граничната соработка.
На тренинг – работилницата која ќе трае до 7 јули, ќе учествуваат 25 претставници (по 12 од секоја држава) од Македонија и Грција. Целна група на проектот се високо мотивирани младински лидери кои што мотивацијата ја црпат од потребата за заедничко надминување на проблемите со кои што се среќаваат во секојдневието а најголем за проблем за младите е невработеноста. Проектот им овозможува на активните млади луѓе од двете соседни земји да ги споделат своите искуства, да разменат контакти, како и за да презентираат нови идеи.
Со помош на овој тренинг, тие ќе имаат можност да се подготват за младинска работа во насока на тоа како полесно да се совладаат стереотипите и бариерите кои постојат меѓу Македонија и Грција, а се од политичка природа, како успешно да се надминат конфликтите, како да работат во тим, и најважно, на кој начин да се поттикнат и охрабрат младите во двете земји за самовработување и формирање на нов бизнис.
Тренингот е продолжение на работилницата под истиот назив која се одржа на 19ти јуни во Крушево, на која главна тема беше невработеноста кај младите во пограничниот регион.
Билатералниот проект кој што е започнат во 2010 година има за цел подигање на нивото на соработка помеѓу граѓанскиот сектор од Македонија и Грција посебно помеѓу младинските активисти и организации. Проектот е организиран од Младински Сојуз), УНЕСКО Младинскиот Клуб од Солун и Фондацијата Фридрх Еберт) канцеларија во Скопје, а е финансиски поддржан од амбасадата на Кралството Норвешка во Белград.
OhridNews