Денеска на градскиот плоштад во Охрид, дечињата од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ ќе учестуваат на манифестацијата „Да ја дочекаме пролетта“.
Младите од пет до десет годишна возраст, со дефиле по пролетни маски, ќе настапат со неколку музичко-ритмички точки со содржини за пролетта. Во рамките на манифестацијата, предвидена е активност „Да го прегрнеме езерскиот бисер“.
Инаку, дел од манифестацијата ќе се одвива и во самата граинка, каде ќе се собира хартија и пластична амбалажа.
OhridNews












