Младински Совет Охрид, со едукативниот семинар за интеркултурен дијалог, кој викендов се оддржува во хотел ,,КОЦАРЕВ,, го започнува новиот проект за креирање на погранична интеркултурна стратегија.

На семинарот, 20 учесници, имаат можност да се запознаат со основните значења на поимите култура, интеркултура и мултикултура, да се сретнат со концептите на правната држава и владеењето на правото, демократијата и човековите права, но и да почнат да ги надминуваат стереотипите и предрасудите кои ги имаат како дел од различните перцепции на нештата.


На крајот од овој семинар ќе се преземат конкретни дејства и насоки за понатамошна активност на учесниците.

Целта на овој проект е пред се да се зајакнат капацитетите на група млади од општините Охрид и Поградец, членови на Младински Совет Охрид и ,,УНЕ ГРУАЈА,, кои во понатамошниот дел од реализацијата на проектот, во соработка со голем број претставници на институции, организации и индивидуалци, ќе подготват документ кој ќе ја подобри интеркултурната соработка во двете општини.


Во периодот кој следи двете групи ќе треба да подготват акционен план за работа за периодот декември 2012-март 2013 година, а МСО како носител на активностите, со организирање на уште еден семинар, 4 панел дискусии и камп, ќе ја даде максималната поддршка за што поуспешна реализација на предвидените активности.

Се очекува стратегијата да биде готова во месец март и истите да биде усвоена од локалните самоуправи на Охрид и Поградец и истата да биде презентирана на завршна конференција со која и официјално ќе заврши проектот ,,ПРЕКУ ЕЗЕРОТО“.

OhridNews