Како дел од активности на проектот „Креирање Ефективни Можности за Младинско Вработување“ во текот на наредниот период ќе бидат организирани јавни дебати со младите во Охрид и Струга и во уште седум други градови.

Дебатите ги организира Коалицијата на младински организации СЕГА, во соработка и поддршка од Волонтерски Центар Скопје (ВЦС)поддржани од Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност.

Пртвата дебата поврзана со зголемување на вработувањата на младите луѓе беше одржана вчера во Скопје и на неа учествуваа претставници на младите, студенти, младински организации, претставници на Град Скопје, Агенцијата за вработување на Македонија, претставници од Министерство за труд и социјална политика, занаетчиските комори и претставници на здруженијата на работодавачи.

-Целта на проектот е да се овозможи активно вклучување на младите луѓе и младинските организации преку структурен дијалог со релевантните засегнати страни, со што ќе се обезбеди значајно влијание на иднината на младите луѓе со фокус на мерките за младинско вработување, како и подобрување на влијанието на граѓанското општество во реформските процеси во согласност со критериумите за членство во ЕУ, велат оргaнизаторите.

Тие објаснуваат дека дебатите треба да дадат јасни препораки за тоа како да се зголеми бројот на млади кои се вработуваат.

OhridNews