Деновиве на иницијатива на Младински Совет Охрид, формирана е коалицијата на млади на општина Охрид. Коалицијата заеднички ќе делува во идентификација на проблемите и потребите на младите и во изнаоѓање на конкретни решенија, како и делување во дефинирање на локалната младинска политка, соопшти иницијаторот.
формирана младинска коалиција во Охрид
На формирањето на коалицијата и претходеа состаноци со сите организации и институции кои работат со и за младите со цел да се прошират информациите за изработката на Локалниот Акционен План за младинска политика на општина Охрид, кој ќе претставува стратешки документ, кој има за цел да ја стави во рамка градската политика кон младите. Коалицијата на млади на општина Охрид ја сочинуваат 26 претставници од 23 субјекти кои работат со млади:
– Младински Совет Охрид – Црвен крст Охрид – Здружение на еѓипќаните во Република Македонија – Општинско здружение на Египќаните – Дневен Центар Порака – Здружение на граѓани ОПЦИЈА – Дневен Центар за корисници на дрога – Центар за социјални работи
– Македонска православна црква – Исламска верска заедница
– НТВ – ТВ Морис – МХ радио
Коалицијата на младите започна со масовно анкетирање со цел да се утврдат проблемите на младите во општина Охрид, во која мера се задоволени нивните потреби и што младите предлагаат за решавање на нивните проблеми. Ќе бидат анкетирани 1200 млади на возраст од 14 до 30 години, по што ќе се пристапи кон обработка на анкетите со цел да се добијат резултатите кои ќе бидат основа за организирање на Форумот за локална младинска политика на кој ќе се одредат приоритетите и целите и ќе се дефинираат стратегиите за подготовка на Локален Анкционен Младински План за Охрид. Коалицијата е отворена за сите заинтересирани страни, и според интересот и најавите се очекува бројката на членовите да се зголеми, велат од Младинскиот Совет.
ДПИ е на терен гледа дали се почитува, засега немаме објективни нарушувања на веќе договореното, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на но...
НУ „Охридско лето“ и Театарската асоцијација на Јужна Кореја денеска потпишаа Меморандум за соработка во областа на културата Целта на потпишувањето на Меморандумот е интензивирање на соработката п...
На 19082025 во 17:10 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на сСретково, патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано о...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.