Младите од Охрид утре ќе садат Дрво на толеранција
15.11.11 13:25
Со цел да се одбележи Меѓународниот ден на толеранција, 16-ти ноември, во организација на Коалицијата на младински организации “Сега”, утре, младите од неколку градови ќе засадат садници на толеранција. – Со тоа ќе се остави белег, кој би потсетувал на важноста од меѓусебна човечка толеранција, велат од коалицијата “Сега”.
Утре, точно на пладне, во 12 часот, од страна на членови на Младинскиот совет, во Охрид, “Дрво на толеранција” ќе биде засадено пред хотелот “Денариус”, покрај кејот на езерото.
Освен во Охрид, “Дрво на толеранција” ќе биде засадено и во Скопје, Прилеп, Струмица, Гостивар, Врапчиште и во Дебар.
Активностите се во рамки на проектот на коалцијата “СЕГА” за Промовирање на меѓукултурниот дијалог помеѓу младите во Македонија, кој се реализира веќе две години.
Проектот е дел од годишната програма на Коалиција “СЕГА” за 2011 година, финансирана со програмата Civica Mobilitas, имплементирана од CIR, а финансирана од SDC.
Целта на проектот е поттикнување на соживотот меѓу младите луѓе во Македонија за меѓусебна толеранција, соживот, без насилство, и за меѓусебно верско и национално почитување.
Поради интервенција на водоводната мрежа, денес од 14:30 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Сирма Војвода“, информираат од ЈП Водовод Охрид Посочуваат дека екипи на претп...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 45-годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, пс...
Растот на трговијата и туризмот создава нови можности за поблиска економска соработка меѓу Србија и Македонија во пресрет на EXPO 2027 Белград Овие можности беа во фокусот на настанот „Visit Serbia...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.