Во чест на одбележувањето на 11 Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ, Клубот на млади при СДММ- Охрид и  Унијата на млади сили на општинската ВМРО- ДПМНЕ, организираа две одделни акции за чистење на спомениците и обележјата од НОБ.

– Преку ваквите активности го евоцираме и применуваме духот на 11- ти Октомври, односно духот на народот кој не ја прифаќа денешната катастрофална реалност. СДСМ не го прифаќа лажниот патриотизам, поделбата на подобни и неподобни како и свесното кочење на Евро – атланските интегративни процеси. Господо од власта, да бевте вистински патриоти немаше да го запоставувате минатото, немаше да ја препишувате историјата. Да бевте вистински патриоти немаше да ја уништите сегашноста. Да бевте вистински патриоти ќе го почитувавте и негувавте минатото и немаше да дозволите да се запуштат и уништат спомениците и обележјата од НОБ. Да бевте вистински патриоти немаше да ја загрозувате демократијата, кршите слободата и правата и да ја изолирате Македонија, рече претседателот на Локалниот клуб на млади на СДММ – Охрид, Александар Ристевски.



Акција за чистење на спомен- обележјата од НОБ, денес организира и Унијата на млади сили на општинската ВМРО- ДПМНЕ. Како што оттаму истакнаа, со оваа акција УМС на ВМРО- ДПМНЕ Охрид, придонесува за зачувување на трајните вредности и афирмирање на културно- историското наследство од периодот на Народно- ослободителната војна.


Акција за чистење на спомен- обележјата од НОБ, од страна на УМС на ВМРО- ДПМНЕ денес се реализира и во повеќе градови низ Македонија.

OhridNews