Сообраќајната полиција организира практичен час за најмладите од Основното училиште „Св. Наум Охридски“ во селото Пештани.

Учениците се запознаа со правилата на движење на крстосница, пешачки премин, односно со примената на сообраќајните правила.

Инаку, проектот на училиштето и сообраќајната полиција има за цел да ги едуцира најмладите за безбедно движење во сообраќајот.

OhridNews